Марка: Анчелоти е фаворит Реал, тој има предност пред Покетино, Конте и Раул

– Главниот тренер на Евертон, Карло Анчелоти може да се врати во Реал Мадрид.
Шеесет и едногодишниот Италијанец сега е фаворит за испразнетото место по заминувањето на Зинедин Зидан, објави „Марка“. Тој има предност во однос на Маурисо Покетино од ПСЖ, Антонио Конте и Раул.
Реал Мадрид сака што побрзо да назначи нов тренер кој ќе работи на градење на тимот за сезоната 2021/22.
Анчелоти веќе работеше во Реал Мадрид (2013-2015) и освои 4 трофеи со тимот, вклучувајќи ја и десеттата титула во Лигата на шампионите во клупската историја.
Евертон под водство на Анчелоти заврши на 10. место во Премиер лигата и не се пласираше во евро-куповите.