Марко Бислимоски не очекува да поскапе дистрибуцијата на струја

До крајот на овој или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел.

„МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот на пазарот не побара зголемување, а Електродистрибуција нема наведено во своето барање имајќи предвид дека во текот на овој месец ќе има тендер за набавка на загубите на електрична енергија коишто имаат исклучително големо влијание врз цената на електричната енергија така што кон крајот на овој месец или почетокот на следниот ќе ги знаеме цените што ги определува РКЕ, а тоа се пренос и дистрибуција на електричната енергија и тука не верувам дека ќе има било какви поместувања. По завршување на тендерот за универзалниот снабдувач согласно новиот Закон за енергетика, ЕВН Хоум ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и за малите потрошувачи“, вели Бислимоски

Back to top button
Close