Марко Рубио ќе биде претставник од САД на разговорите в четврток во Турција меѓу Украина и Русија


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека државниот секретар Марко Рубио ќе учествува во разговорите за војната во Украина оваа недела во Турција, изразувајќи оптимизам за исходот.

„Разговорите се одржуваат во Турција подоцна оваа недела, веројатно в четврток, и тие би можеле да дадат доста добри резултати“, рече Трамп во говорот во Ријад, додавајќи: „Марко Рубио ќе биде присутен таму“.

Back to top button
Close