Maркоски: Приказната на Филипче дека сум антиваксер е како за немесен зелник

Откако во вчерашното интервју на телевизија Канал 5, министерот Венко Филипче го обвини докторот Вело Марковски и ВМРО-ДПМНЕ за ширење н антивакцинална кампања, „Фокус“ побара реакцијата од доктор Марковски.

Тој во изјава за „Фокус“ остро го искритикува министерот и порача деkа тој е директно одговорен за смртта на неколку стотини граѓани.

-Човекот кој не успеа да купи ниедна вакцина, кој поради не вакцинирањето во јануари/февруари како што направија најголемиот број на држави во Европа и сите во соседството е дирекно одговорен за смрт на неколку стотини луѓе, кој само пред две недели со неговиот тим јавно пушти теза дека брза кучка слепи кучиња раѓа (алудирајќи дека намерно не се набавуваат вакцини за да ги видиме искуствата од други земји), министер кој изјави дека прележувањето на КОВИД -19 не дава антитела… е најголемата анти пропаганда на вакцинацијата. Не купил ниедна вакцина ама бара анти ваксери како во приказната со немесениот зелник. (мајката му удира шамар на детето кое ќе скршело големо парче од зелникот кој ќе го меси). Министер кој пред 10 дена тврдеше дека нема потреба од никакви мерки бидејќи вирусот е премногу проширен а и кај да е за 6-8 недели ќе се повлече, а после по одложувањето на пописот го прави спротивното, ја стави целата наука во служба на политиката, и само поради закаснување на истиве мерки (за кои тврди дека дале намалување на број на заразени и умрени), признава дека можеле да се спасат стотици животи. Ако пред само еден месец донел вакви (или построги мерки) ќе се намалел бројот на заболени и умрени, вели Марковски.

повеќе

Back to top button
Close