Марковиќ му ја предаде должноста на Кривокапиќ

Во Владата на Црна Гора поранешниот премиер Душко Марковиќ му ја предаде должноста на новоизбраниот премиер Здравко Кривокапиќ.

Марковиќ на Твитер напиша дека денешната средба и формалното примопредавање на должноста е потврда на демократската содржина, зрелост и одговорност на политиката  на Демократската партија на социјалистите (ДПС).

– Да се надеваме дека ова влада ќе работи во интересиот на Црна Гора и сите нејзини граѓани, напиша Марковиќ.

Новата Влада на ЦРна Гора избрана е во петокот по тридневната расправа за експозето на Кривокапиќ и членовите на неговиот кабинет. По три децении во Владата не учествува ДПС.

Back to top button
Close