Мароко ја победи Аргентина во финалето на Светското јуниорско првенство

Мароко ноќеска ја победи Аргентина со 2:0 во финалниот натпревар од Светското првенство за фудбалери до 20 години.

На натпреварот одигран во Сантијаго, Чиле, Јасир Забири ги постигна двата гола – во 12. и 29. минута.

Претходниот најдобар настап на Мароко на Светското првенство до 21 година беше четвртото место во 2005 година.

Аргентина го држи рекордот за најмногу титули на турнирот (шест).

Back to top button
Close