Мароко прва селекција од Африка во историјата што се пласира во полуфинале на Светското првенство

epa10359655 Players of Morocco celebrate after the FIFA World Cup 2022 quarter final soccer match between Morocco and Portugal at Al Thumama Stadium in Doha, Qatar, 10 December 2022. EPA-EFE/Ali Haider

 

Репрезентацијата на Мароко денес ја совлада селекцијата на Португалија со 1:0 во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година.

Мароко стана првата селекција од Африка во историјата која се пласирала во полуфиналето на фудбалските Мундијали.

Претходно ниту една африканска селекција не помина подалеку од четвртфиналната фаза.

Африканците ги загубија претходните три четвртфиналиња: Камерун во 1990 година, Сенегал во 2002 година и Гана во 2010 година.

Во полуфиналето Мароканците ќе играат со победникот од дуелот Франција – Англија

Back to top button
Close