Марота: Лаутаро никогаш не изразил желба да го напушти Интер

Џузепе Марота, спортскиот директор на Интер изјави дека не верува дека напаѓачот Лаутаро Мартинез летово ќе го напушти клубот.

Со денови се зборуваше дека стрелецот на „нероазурите“ ќе го засили тимот на Барселона, кој бара замена за искусниот Луис Суарез, но Интер размислува поинаку.

До неодамна, клубовите имаа можност да ја активираат откупната клаузула од неговиот договор, откако станува збор за 111 милиони евра, но тоа не се случи.

Италијанскиот печат пренесува дека Барселона понудила 70 милиони евра плус двајца играчи, Артуро Видал и Жуниор Фирпо, но тоа не ги интересирало Интер.

Оттука, спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота е убеден дека 22-годишниот напаѓач ќе остане во Серија „А“.

– Гласините за трансферот во Барселона се во изгубен вакуум, фактите се важни. Јасно е дека Лаутаро е наш играч и дека тој никогаш не изразил желба да нè напушти. Лаутаро е сериозен човек кој не дозволува да се заведе од песните на морските сирени. Периодот на криза помина, но во изминатите недели го подигна нивото на игра и го покажа својот квалитет, рече Марота.

Аргентинецот е обврзан со договор со Интер до летото 2023 година, а тој постигна 18 голови на 40 натпревари оваа сезона.

Back to top button
Close