Марш на ангелите: Да одговараат полицајци, инспекции, локални власти, не сме задоволни од обвинението

На големи неправилности за дискотеката „Пулс“ укажуваа и денеска на единаесеттиот Марш за ангелите во Кочани родителите и роднините на загинатите и повредените млади луѓе во март годинава.

Тие бараа да одговараат и полицајците кои вечерта интервенирале во дискотеката, но и директорот и медицинските лица кои работат во кочанската болница, затоа што, според нив, работеле без потребни материјали и кислород, па не можеле да им пружат помош на настраданите.

Побараа одговорност и од локалните власти, од инспекциите, а велат дека не се задоволни од обвинението во кое 34 физички лица и три правни лица треба да одговараат за трагедијата.

– Тоа нема да ги врати нашите деца. Да беше затворена дискотеката затоа што немала дозвола, немаше да загинат нашите деца – рече една од мајките.

Денеска повторно, во 18.05 часот, облечени во црно, со сликите од своите деца во рацете, прошетаа низ Кочани, застанаа пред полицијата, обвинителството, судот и ги испратија своите пораки до властите

Back to top button
Close