„Марш на ангелите“ во сабота во Скопје
Здружението на граѓани „16-ти Март“, создадено од најблиските на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со емотивно видео потсетија на тоа дека зад секоја трагедија стојат вистински животи, семејства и љубов.

Воедно тие најавуваат „Марш на ангелите“ – в сабота, во Скопје на Плоштад Македонија во 12 и 05 часот.
Од радост до тишина – нашите ангели што заминаа премногу рано.
„Ги испративме со песна, а судбината ни ги врати во болка. Ова видео е потсетник дека зад секоја трагедија стојат вистински животи, семејства и љубов. Да не дозволиме болката да биде заборавена – да бараме правда со достоинство и сила“.






