“Марш за ангелите“ – родителите ќе бараат ОЈО Кочани целосно да ги запознае со истражната постапка и бараат и домашен и меѓyнароден мониторинг на истрагата и судскиот процес
Денеска во Кочани се одржи деветтото издание на „Маршот за ангелите“, тивок протест организиран од семејствата на жртвите од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“.

Овојпат, маршот започна точно во 18:05 часот – време кое, според организаторите, симболично ја означува доцната реакција на институциите во моментите кога трагедијата можела да биде спречена.
На родителите им се приклучи и в.д градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски.
Една од мајките излезе пред медиумите и истакна дека ништо од Обвинителство не им е јасно, како и дека ќе поднесат барање.
Друга мајка пак побара помош и мониторинг од Коалицијата „Сите за правично судење“, како и од Европската Унија.
Маршот започна од Паркот на револуцијата, продолжи низ трговскиот центар, па помина пред Општина Кочани, а потоа и пред Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството.