„Марш за слободи“ против екстремната десница во 140 градови во Франција

Повеќе од 100 организации, синдикати, еколошки активисти, невладини организации, денес организираат демонстрации на кои сакаат да ги осудат „нападите врз слободите“, кои според нив се зголемуваат со засилувањето на крајната десница, но и законите кои ги ограничуваат слободите.

По една и пол година од здравствената криза „Маршот за слободи“ нуди еден вид голема реакција на политичките и синдикалните активисти, активистите за животна средина и здруженијата од различни сектори.

Тие повикуваат на заеднички марш  во речиси 140 градови низ Франција, со цел да се осудат „нападите врз слободите“, што се зголемуваат. Демонстрациите почнаа во 10:30 часот во Монпелје или Нанси, а во 11 часот во Нант и Бордо. Во Париз, по прес-конференција во 12:45 часот, маршот тргна во 14 часот од плоштадот Клиши.

Синдикатите СЖТ, ФСУ, Синдикатот на судиите или студентскиот УНЕФ, Лигата за човекови права, Симаде, Оксфам, Атак, Младита за климата и природната средина на Франција за бранителите на климата; сите левичарски партии или во целина на маршот ќе бидат претставени повеќе од 100 организации.

Според иницијаторите на повикот за марш: пратеникот од непокорна Франција, Ерик Кокерел, и портпаролот на Генерациите, Томас Портес, темата за слободите се наметна самата. Затоа што тие веруваат дека подемот на екстремната десница во земјата, што според нив е исто толку изборен, колку и културен, во моментов е главна тема на гневот за левицата, особено во отсуство, засега, на алтернатива од оваа левата страна на политичкиот спектар, до Марин Ле Пен и Емануел Макрон во поглед на претседателските избори во 2022 година. 

Back to top button
Close