Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани од пред Собрание продолжува кон МВР, се очекува и средба со Тошковски
Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани од пред Собрание се упатија кон Министерството за внатрешни работи, каде се очекува да имаат и средба со министерот Панче Тошковски.
Откако пред Собраните повикаа на одговорност и отставки од пратениците семејствата на загинатите, имаа средба со пратеници од Левица и СДСМ. Најпрво излегоа пратенците на Левица Борис Крмов и Јована Мојсоска, по што и пратениците од СДСМ, по што имаа разговор и со лидерот на опозицијата Венко Филипче.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на 46-тата собраниска седница на која се расправаше за интерпелацијата за министерот Панче Тошковски, инфомираше дека министерот Тошковски ќе ги прими на средба семејствата на настараданите во пожарот.
Семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани претходно пред Јавното обвинителство во Скопје повикаа на одговорност и побараа оставки од сите одговорни и формирање на експертска влада.
Дел од семејствата влегоа во зградата на Јавното обвинителство од каде вчера беше упатен повик за средба со државниот јавен обвинител и со обвинителите кои ги водат предметите за овој случај.
Маршот на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани почна во 12 часот и 5 минути како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите