Марта Кос дојде во Скопје
Еврокомесарката Марта Кос пристигна во Скопје и имаше средба со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
„Топло добредојде за еврокомесарката за проширување, Марта Кос, по нејзиното пристигнување во Скопјe. Интеграцијата во ЕУ не е само декларативна обврска – тоа е јасен стратешки приоритет на нашата влада. Утрешниот самит ќе се фокусира на Планот за раст, реформската агенда и предизвиците со кои се соочува нашата земја и регионот на патот кон полноправно членство во ЕУ“, напиша Муцунски на Фејсбук.
Кос попладнево ќе има средба зад затворена врата со премиерот Христијан Мицкоски од која е најавено само соопштение, а утре ќе учествува на самитот за Планот за раст за Западен Балкан