Марта Кос и ја пренесе на Брнабиќ загриженоста на ЕУ за новите судски закони усвоени од парламентот во Белград

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, по денешниот разговор  со претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, изјави дека очекува спроведувањето на новите закони за судството да биде ставено на чекање додека Венецијанската комисија не го објави своето мислење, и дека српските власти ќе го почитуваат тоа мислење.

Марта Кос, според нејзината објава на мрежата X, ѝ рекла на Ана Брнабиќ дека неодамнешните чекори што ги презедоа српските власти за ограничување на независноста на судството „се причина за голема загриженост“.

„Ја информирав претседателот на парламентот за нашата тековна проценка дали Србија сè уште ги исполнува условите за плаќања во рамките на финансиските инструменти на ЕУ“, објави Марта Кос.

Брнабиќ денеска се сретна со Кос и генералниот директор на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Купман.

Таа им изјави на новинарите по состаноците дека европските претставници ги пренеле своите загрижености во врска со усвоениот пакет судски закони.

Back to top button
Close