Марта Кос: Србија е во многу тешка состојба

Секоја влада треба да размисли што и кажуваат нејзините граѓани, изјави Марта Кос, комесарка на ЕУ за проширување,

Во интервју за ДВ во врска со протестите во Србија таа вели:

„Србија е во многу тешка ситуација и ние, Европската унија, силно го поддржуваме европскиот пат на Србија и на српскиот народ, но се уште има многу да се направи“.

„Протестите што ги гледаме веќе неколку месеци се израз на тоа дека луѓето не се задоволни од ситуацијата во која се наоѓаат. И секоја влада треба да размисли што велат нејзините граѓани.“

„Во многу делови демонстрантите бараат истото што ние како ЕУ го бараме од Србија, борба против корупцијата, владеење на правото, слобода на медиумите. Значи, всушност имаме заеднички интерес и се надевам дека навистина ќе можеме да ја стабилизираме Србија.“

Таа потсетува дека, иако Србија е земја-кандидат со години, се уште не ги спроведела сите реформи. „Затоа им помагаме да ги спроведат тие реформи“, вели таа.

Од друга страна, како што нагласува, „протестите што ги гледаме веќе неколку месеци се израз на фактот дека луѓето не се задоволни од ситуацијата во која се наоѓаат. И секоја влада треба да размисли што велат нејзините граѓани“.

„Во многу делови демонстрантите бараат истото што ние како ЕУ го бараме од Србија, борба против корупцијата, владеење на правото, слобода на медиумите. Значи, всушност имаме заеднички интерес и се надевам дека навистина ќе можеме да ја стабилизираме Србија“.

 

Одговарајќи на прашањето како е можно, за разлика од Грузија, да нема знамиња на ЕУ на протестите во Србија, Кос вели дека самата го поставила тоа прашање на луѓе во Србија со кои е во контакт – организации на граѓанското општество, професори, универзитети…

 

„Многу е интересно што ми кажуваат – прво: „Вие го поддржувате нашиот претседател Вучиќ.Второ: „Нас не бомбардиравте. Во ред, тоа беше НАТО, но ја бомбардиравте нашата земја. Трето: „Сакате да го признаеме Косово. И четврто: „Не сакаме да ја налутиме Русија. Затоа планираме подобро да ги претставиме придобивките од проширувањето“, вели комесарката на ЕУ.

Кога станува збор за решавање на косовското прашање како услов за пристапување во ЕУ, Марта Кос нагласува: „Секогаш сакам да кажам дека кога една земја ќе се одлучи за патот кон ЕУ, тоа доаѓа со обврски и одговорности. Тоа е прашање на избор. Затоа, никој не ја принудува Србија. Но, кога ќе кажете: „Да, сакаме да станеме членка на ЕУ“ – тогаш тоа мора да се направи. Многу работи мора да се направат.“

Back to top button
Close