Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, денеска по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад напиша дека „таа трагедија ја менува Србија“.

„Пред една година, железничката станица во Нови Сад се урна и одзеде 16 животи. Денеска се сеќаваме на нив“, напиша Марта Кос на мрежата X.
„Таа трагедија ја менува Србија“, напиша Кос.
Како што изјави таа, таа трагедија „ги поттикна масите да се залагаат за одговорност, слобода на изразување и инклузивна демократија“, нагласувајќи дека тоа се „истите вредности што ја водат Србија кон ЕУ“.






