Мартин Попов ќе биде шеф на кабинет на новиот премиер

Владата на првата седница донела одлуки и за именување членови и претседатели на основните и посебните комисии

На првата конститутивна седница на владата, Мартин Попов е именуван за шеф на канцеларијата на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, информираа од владината прес-служба.

Попов е актуелен советник во Советот на Град Скопје, а претходно беше и организациски секретар на СДСМ од која позиција беше сменет минатиот месец кога на негово место беше поставен Вангел Андревски.

 

 

На владината седница биле именувани и претседателите и членовите на основните комисии на Владата:

Комисијата за економски систем и тековна економска политика:

  • Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи – претседател
  • Фатмир Бесими, министер за финансии – член
  • Крешник Бектеши, министер за економија – член
  • Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање – член
  • Благој Бочварски, министер за транспорт и врски – член
  • Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – член
  • Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика – член

Комисијата за политички систем:

  • Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – претседател
  • Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања – член
  • Славјанка Петровска, министерка за одбрана – член
  • Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи – член
  • Никола Тупанчески, министер за правда – член
  • Бујар Османи, министер за надворешни работи – член
  • Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација – член

Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој:

Славица Грковска, вицепремиерка за политики на добро владеење – претседателка

  • Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања – член
  • Фатмир Бесими, министер за финансии – член
  • Беким Сали, министер за здравство – член
  • Јетон Шаќири, министер за образование и наука – член
  • Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика – член
  • Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација – член
  • Горан Милевски, министер за локална самоуправа – член
  • Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура – член

Исто така, формирани се и посебните комисии на Владата.

Комисијата за именување:

  • Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања – претседател
  • Артан Груби, прв вицепремиер – член
  • Фатмир Бесими, министер за финансии – член
  • Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – член
  • Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи – член
  • Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање – член

Комисијата за станбени прашања:

  • Благој Бочварски, министер за транспорт и врски – претседател
  • Артан Груби, прв вицепремиер – член
  • Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања – член
  • Беким Сали, министер за здравство – член
  • Горан Милевски, министер за локална самоуправа – член
  • Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – член

Комисијата за приватизација:

  • Крешник Бектеши, министер за економија – претседател
  • Благој Бочварски, министер за транспорт и врски – член
  • Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација – член
  • Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – член
  • Беким Сали, министер за здравство – член

На првата седница Владата го формирала и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи:

  • Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи – член и раководител на Управувачкиот комитет
  • Славјанка Петровска, министер за одбрана
  • Бујар Османи, министер за надворешни работи
  • Беким Сали, министер за здравство – член
  • Благој Бочварски, министер за транспорт и врски – член
  • Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи – член и раководител на Групата за процена.

Back to top button
Close