Мас: Кој сака во ЕУ мора да разговара со ЕУ

 Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас во интервју за Дојче вече нагласи дека сите земји од Западен Балкан сакаат европска перспектива, но доколку го сакаат тоа, тогаш политичките решенија мора да бидат со Европската унија.

„Само со Европската унија може да се реши косовското прашање, изјави тој додавајќи дека е особено сигурен дека ЕУ ќе игра важна улога во продолжувањето на преговорите.

Мас рече дека за време на претседателството со ЕУ во втората половина од годинава, Германија ќе се занимава и со Западен Балкан.

„Ако во одреден момент од Западен Балкан сакаат да стигнат до Европа, тогаш тие мораат да водат дијалог пред се со ЕУ…Верувам дека тие на Западен Балкан го знаат тоа и дека ЕУ, особено сега, ќе го зајакне својот ангажман“, истакна Мас.

Back to top button
Close