Масакр во Турција, убиецот е во бегство

Најмалку петмина беа убиени денеска, а седум беа ранети, кога вооружен напаѓач отвори оган во близина на градот Мерсин на југот на Турција, објави Би-би-си.

Осомничениот Метин О. (37) ја убил својата поранешна сопруга Арза О. (32) со огнено оружје, по што избегал со автомобил.

После тоа, тој наводно дошол пред ресторан во населбата Кадели, каде што од возилото отворил оган врз објектот.

Според извештаите, напаѓачот прво пукал во ресторан, каде што биле убиени најмалку двајца, а другите жртви биле убиени на други локации.

По нападот, полицијата и жандармеријата започнале обемна потрага по осомничениот, со вклучување на копнени и на воздушни единици.

Мотивите на осомничениот сè уште се непознати.

Back to top button
Close