Машки труп пронајден во Вардар кај фабриката ХИВ

 

и труп попладнево е пронајден во водите на реката Вардар, во близина на поранешната фабрика за вештачко ѓубре ХИВ, во близина на Градско.

Трупот го забележал рибар, кој попладнево, нешто после 14 часот, ја алармирал полицијата. На местото стигнала и екипа од велешката противпожарна единица, која го извлекла трупот. Според наши извори, тој бил закачен за гранки, на непристапно место во реката, па пожарникарите морале да ги сечат, па заедно со нив, да го извадат телото.

На местото на настанот пристигна и увидна екипа на крим-техника. Засега телото се уште не е идентификувано. Пред два месеци исчезна 30-годишниот Ибрахим Мемедов од Велес и тој се уште се води за исчезнат.

Back to top button
Close