Машки труп пронајден во Вардар, на вливот на Бабуна

Машки труп е пронајден во водите на реката Вардар, кај вливот на Бабуна, во близина на дирекцијата на Агриа кај Велес. Трупот кој пловел по реката го забележале рибари денеска околу 13:15 часот, во близина на фабриката за крзно „Димко Митрев“, но не успеале да го извадат. Тие пријавиле на полиција, а неколку минути подоцна, трупот е изваден од водата, кај вливот на Бабуна во Вардар.

Трупот е сè уште неидентификуван, но сомнежите се дека му припаѓал на 51-годишниот Спасе Димовски, кој на 6 август годинава исчезна во надојдената Белештевичка река, помагајќи на екипа на ЕВН, чие возило заглави во реката.

Во акцијата на вадење на трупот денеска учествуваше тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст, со помош на полицијата и велешката противпожарна бригада.

Back to top button
Close