Маск ги демантира информациите за исклучување на „Старлинк“ во Украина

Американскиот милијардер Илон Маск денеска ги демантираше информациите за можното исклучување на пристапот на Украина до сателитскиот систем „Старлинк“, чиј сопственик е Маск.

Одговарајќи на извештајот на Ројтерс, Маск рече дека тоа „не е вистина“ и ја обвини новинската агенција дека „лаже“.

„Ова не е вистина. Ројтерс лаже. Тие се на второ место по AP (Associated Propaganda) како традиционален лажго за вести“, напиша Маск на платформата X.

Back to top button
Close