Маск: Никола Тесла бил имигрант кој овозможи Америка да доминира

Објаснувајќи зошто компанијата „Тесла“ се вика така, најбогатиот човек на светот, Илон Маск, објасни дека отсекогаш се воодушевувал на Никола Тесла.

„Компанијата Тесла го доби името по Никола Тесла, еден од најголемите инженери на сите времиња. Тој бил имигрант без пари чиј изуми овозоможија Америка да доминира во производството и употребата на електричната енергија“ напиша Маск.

Ваквиот став на Маск е збунувачки за неговите поддржувачи, бидејќи последните години тој борејќи се за поддршка од симпатизерите на Доналд Трамп, ги критикува политиките на САД за отворени граници и прифаќање на мигрантите од цел свет.

Тој дури и ја поддржа партијата Алтернатива за Германија (АфД) пред парламентарните избори во најсилната европска економија, поради нивната строга анти-имиграциона политика.

Сепак, по се изгледа Маск омекнува по ставот на имиграцијата, објавувајќи серија на постови во кои ги фали придобивките од отворените граници, поради што наидува на критики од симпатизерите на Трамп.(Трн.мк)

Back to top button
Close