Маск: СпејсИкс го промени својот приоритет, целта сега е да се насели Месечината, а не Марс


– Сопственикот на Тесла и СпејсИкс, Илон Маск, изјави дека приоритетот на компанијата се променил и дека целта сега е да се насели Месечината, а не Марс.

Во објава на социјалната мрежа „X“, тој рече дека ова би можело да се случи за помалку од 10 години, пренесува Си-Ен-Ен.

„Најважниот приоритет е да се обезбеди иднината на цивилизацијата, во оваа смисла Месечината е побрза. Патувањето до Марс е можно само кога планетите се порамнуваат на секои 26 месеци (време на патување од шест месеци), додека ние можеме да летаме до Месечината на секои 10 дена (време на патување од два дена)“, напиша Маск.

Тој исто така нагласи дека компанијата останува посветена на изградба на град на Марс и дека ова ќе започне за приближно пет до седум години, и дека ова е водечка цел на компанијата СпејсИкс уште од нејзиното основање во 2002 година.

Back to top button
Close