Маск: Упадот на поддржувачите на Трамп на Капитол не беше насилен бунт

Американскиот милијардер  Маск на митинг за поддршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека нападот на приврзаниците на Трамп на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, по неговиот пораз на претседателските избори, не е насилен бунт, „иако некои така го нарекоа“.

Маск рече дека Трамп не им рекол на поддржувачите да бидат насилни и дека им рекол да протестираат „мирно и патриотски“ за да го спречи демократот Џозеф Бајден да стане претседател.

Основачот на Tesla и сопственик на платформата X исто така рече дека луѓето кои тврдат дека Трамп е закана за демократијата се всушност најголемата закана за самата демократија, пренесе АП.

Маск ги повика гласачите да учествуваат на предвремените избори, но ја критикуваше и практиката на гласање по пошта, нагласувајќи дека таквите гласови не треба да се прифаќаат во иднина.

Маск, кој даде повеќе од 70 милиони долари помош за кампањата на Трамп, учествува и на различни настани и митинзи за поддршка на републиканскиот кандидат.

 

 

Back to top button
Close