Масовна евакуација во Бугарија – изгореа 25 куќи

Денес во станбена зона во градот Бургас во југоисточна Бугарија избувна пожар, во кој изгореа најмалку 25 куќи, а беше наредена масовна евакуација.

Пожарот избувна околу 11:30 часот по локално време во зоната „Остриците 2“ на копно со сува вегетација и брзо се прошири, објавува порталот „Новините“, додавајќи дека и покрај сериозноста на ситуацијата, системот за предупредување не бил активиран.

Во гаснењето учествуваа и волонтери, покрај противпожарните екипи, а градоначалникот Димитар Николов дојде на местото на настанот и рече дека пожарникарите работат на сечење на пристапните патишта за да се спречи ширењето на пожарот кон источниот дел од станбената зона.

– За жал, околу 25 куќи веќе се уништени, од кои шест или седум беа целосно населени. Полицијата активно ги евакуира луѓето од нивните имоти. Фала му на Бога, нема жртви – рече Николов.

Според него, периметарот на пожарот постојано се движи поради силните ветрови, што ја прави ситуацијата покомплицирана за службите за итни случаи.

Во исто време, тој апелираше до сите жители да се држат подалеку од областа до понатамошно известување.

Според порталот, евакуацијата на жителите од таа населба сè уште е во тек, пишува Танјуг.

Back to top button
Close