Масовна тепачка во бар на Миконос, има мртви

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во масовна тепачка што се случила вчера вечер во кафеана на Миконос.Според грчките медиуми, се судрила група од околу 25 Пакистанци, а потоа во еден момент почнале да фрлаат и ножеви.
Еден од учесниците во тепачката е избоден до смрт, додека другиот се здобил со повреди опасни по живот.
Полицијата врши увид.
Засега не е познато зошто дошло до конфликтот.






