Масовниот убиец Коста К. (13) одбил да ја види мајка му
Мајката на масовниот убиец Коста Кецмановиќ кој во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ уби девет ученици и чуварот, пред неколку дена се обидела да го посети во психијатриската болница, но тој одбил да се види со неа.
Реагирал бесно и рекол дека не сака да ја види. Го одбил и пакетот што таа му го донела, објавија српските медиуми.
Откако и било пренесено таа се свртела и си заминала.