Масовниот убиец Коста К. бил во он-лајн група што мрази жени. Мајка му и татко му пред него ги носеле интимните пријатели

Таткото на убиената Ангелина Аќимовиќ којa беше застрелана во главата од момчето убиец, упати шокантни обвинувања против семејството Кецмановиќ. Имено, Анѓелко Акимовиќ тврди дека семејството Кецмановиќ е крајно девијантно, тој во својата изјава потсети на видеото каде Коста наредил 100 војници, го познавал секој свој војник. Неговото студено, стоичко држење и однесување би го загрижиле секој нормален родител во тој момент. Уште повеќе, Владимир Кецмановиќ му ветил на малиот Коста дека ќе го пофали на работа, и дека е многу горд на него.

– Никој не мисли дека татко му имал желба тој да го направи тоа што го направи, но тој практично направил се за тоа еден ден да се случи. Јас ги учам моите деца да сакаат, да ги сакаат птиците, Меда Брунда, а тие од петгодишна возраст го учеле детето да сака оружје и убиства. Гледав видео каде Коста на пет години нареди 100 војници и на секој му го ЗНАЕШЕ ИМЕТО, татко му го снимаше и го пофали. Детето прашува: „Дали ќе го покажеш ова на работа за да се пофалиш“, а таткото вели „да“. Невозможно е мајката да не забележала дека нејзиното дете е цела ноќ на компјутер, дека е во затворени социјални групи кои го пропагираат Хитлер, зло и насилство. Тие се единствените виновни за се што се случи. Тоа однесување на таткото кога по истрагата кога му ги покажале фотографиите од местото на злосторството не кажува дека му е жал за тие деца и семејства, туку вели: „Жал ми е за Драган“. На крајот вели: „Коста ни го уништи животот“. Се става во преден план, се прави жртва – рече Аќимовиќ.

Анѓелко Акимовиќ
Анѓелко Акимовиќ

Тој изрази и незадоволство од тоа што мајката на осомничениот не го препознала проблематичното однесување на нејзиниот син и не реагирала. Аќимовиќ, исто така, го критикуваше таткото на Коста за недостатокот на сочувство за жртвите.

Тој раскажал и дека медицинска сестра, која претходно работела со д-р Владимир Кецмановиќ, му рекла дека чувствувала дека Коста ќе стори нешто лошо, бидејќи тој бил многу груб со жените. Тој рече дека мајката и таткото на момчето воделе двоен живот за кој децата знаеле.

– Коста бил дел од онлајн група која мрази жени. И уби седум девојчиња. Тоа девијантно однесување започнало од таткото и од мајката која не реагирала. Во семејството своите вонбрачни партнери ги носеле дома, пред синот. Тоа придонело тој да биде повлечен и да го прави тоа што го прави. Да биде подготвен како професионален војник, особено неговата психолошка подготовка. Немаше врсничко насилство, како што беше кажано, што не навреди. Мислам и дека некој му рекол да ја направи таа фамозна листа. Ги застрелал децата во главата и во срцето како некој што бил подготвен за убиство, го оставил пиштолот и повикал полиција. Нема никакво каење. Родителите морале да го знаат сето тоа, но поради парите и кариерите не сакаа да го лечат и да се открие – изјави Акимовиќ.

извор

Back to top button
Close