Масовниот убиец Коста К. и неговиот татко, докторот Владимир К. во маскирна униформа

Се појавија доказ фотографии од Коста К. и доктор Владимир К. во маскирна униформа од кои може да се заклучи дека таткото Владимир го учил синот Коста К. како да пука.

Почитуваниот лекар Владимир К. го учел да пука својот малолетен син Коста К.! Го водел на стрелиште, но и на полигоните каде што вежбал стрелање.

Српски информер дошол до фотографија на која се гледа насмеан Владимир со пушка во рака, додека до него позира неговиот малолетен син Коста со маска на лицето.

Коста бил толку добро обучен што упаднал во ОУ „Владислав Рибникар“ и направил страшен масакр, прво го убил училишниот чувар, а потоа и осумте соученици.

– Таткото на Коста имал поголемо количество оружје во куќата. Коста очигледно зел оружје од сефот пред злосторството. Самиот правеше молотови коктели. Имаше огромно познавање за оружје. Сè го научил татко му, кој редовно го носел на стрелиште – вели изворот на Информер.

Докторот Владимир К. е уапсен и моментално е во притвор, а неговиот син масовен убиец Коста е во специјален оддел на Клиниката за психијатрија и неврологија .

Back to top button
Close