„Мастербет“ продолжува со поддршката на традиционалниот турнир во мал фудбал „8 Септември“

Со финалниот натпревар и доделувањето на наградите за најдобрите екипи, викендов успешно заврши 19-тото издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „8 Септември“. И годинава, генерален спонзор на турнирот беше „Мастербет“, која со својата поддршка придонесе за успешната реализација на спортскиот настан.

„Мастербет“ повеќе од една деценија континуирано го поддржува турнирот „8 Септември“, а и оваа година ја потврди својата посветеност со преземањето на улогата на генерален спонзор, во соработка со Здружението на граѓани „Солидарност – М“.

Турнирот беше отворен на 10 август на спортското игралиште во Маџари, каде што се одиграа и завршните натпревари. Во текот на турнирот настапија 42 екипи од цела Македонија, со повеќе стотици учесници, што уште еднаш го потврди значењето на овој спортски настан за локалната заедница и љубителите на мал фудбал.

Посветеноста на компанијата кон развојот и поддршката на локалниот спорт е потврдена и преку учеството на сопствен тим на турнирот.

„Особено сме задоволни што и оваа година продолживме да го поддржуваме турнирот ‘8 Септември’ и да бидеме негов генерален спонзор. Станува збор за настан кој со години ги обединува спортот, дружењето и заедницата и кој прерасна во препознатлива традиција. Веруваме дека вложувањето во спортот и во иницијативите кои ги поврзуваат граѓаните е важен дел од нашата општествена одговорност. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме спортските настани, хуманитарните акции и другите активности кои придонесуваат за подобра и поактивна заедница“, велат од „Мастербет“.

„Мастербет“ преку поддршката на традиционалниот турнир „8 Септември“ ја потврдува својата посветеност кон општествено одговорно делување и придонесот кон заедницата, со посебен фокус на поддршката на спортот и промовирањето активни животни навики.

Турнирот „8 Септември“ се организира по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија и годинава се одржа по 19-ти пат.

 

Back to top button
Close