Матарела: Слободата не значи дека можеме слободно да заразиме други

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека опасноста од Ковид-19 не поминала и ги потсети оние кои бараат поголема слобода дека Италија имаше 800 мртви во еден ден пред само четири месеци, пишува весникот „Ил Фато Котидиано“.

Матарела зборуваше на традиционалната церемонија „Вентаљо“, кога им се даваат признанија на истакнати новинари кои известуваат од Парламентот.

– Светот на информации исто така беше погоден од пандемијата, но потврди дека е во состојба да биде во служба на граѓаните. Тие ја докажаа нивната способност да бидат спротивни на фабриката за лажни информации. Професионалните и објективните информации беа признаени од граѓаните, рече Матарела.

Тој ја истакна важноста за почитување на мерките за заштита и истакна „дека слободата не значи дека можеме слободно да ги заразиме другите“, и оти како нација Италијанците не можат да заборават што претрпеле за време на пандемијата поради почитувањето на жртвите и ограничувањата што ги издржале сите Италијанци, кои денес ни овозможуваат да гледаме кон иднината и да продолжиме понатаму“.

Тој оцени дека таму каде што не можеле или не сакале да воведат мерки што ги вовела Италија за време на пандемијата на коронавирусот, денес заразата предизвикува драматични последици.

Матарела им се заблагодари на сите земји кои и помогнаа на Италија и истакна дека „никој не е во состојба да се одбрани од заразата“.

– Само обединети и заедно можеме да го надминеме овој предизвик, рече италијанскиот претседател.

Back to top button
Close