Матичните лекари утре на протест – ќе работат само со итни случаи

Долго време никој не реагира на нашите апели дека примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на горивата и храната, велат од Здружението на приватни лекари, се некои од причините поради кои тие се одлучиле на ваков чекор

Секој во својата ординација, но со клуч на вратите, матичните лекари во земјава утре ќе протестираат поради, како што велат, „игнорантскиот однос на Фондот за здравствено осигурување“ и додаваат оти ќе работат единствено со итни случаи.

Револтот кај матичните лекари, кој утре ќе прерасне во протест, како што велат од Здружението на приватни лекари, е поради неколкуте неисполнети барања што ги имаат.

„Долго време никој не реагира на нашите апели дека примарното здравство – не може да ги издржи овие финансиски шокови. Покачување на минимална плата, покачување на сметки за струја на концесионери, казни по матични доктори, поскапување на горивата и храната“,

велат во официјално соопштение од Здружението на приватни лекари во земјава.

Како што велат оттаму, потребни се неколку реформи за задоволни доктори и задоволен медицински персонал.

„Ако си заминат сестрите од малите места, нема да има тимови – ако нема тимови, нема амбуланти. Тоа е на штета на народот. За квалитетно здравство, добри лаборатории, квалитетни специјалистички амбуланти и до брза дијагноза“,порачуваат тие во соопштението објаснувајќи ги причините за утрешниот протест.

Back to top button
Close