Матичните лекари утре повторно на протест

Симболично со утрешниот ден – светски ден на здравјето, Здружението на приватни лекари во земјава го оргазнизира третиот по ред протест, откако претходните два не вродија со плод, а нивните барања не беа исполнети од страна на здравствените власти
Со мирен протест кој ќе започне утре напладне пред Министерството за здравство, матичните лекари од земјава ќе го изразат своето незадоволство од, како што велат, немањето слух на здравствените власти за нивните потреби.

 

Симболично со утрешниот ден – светски ден на здравјето, Здружението на приватни лекари во земјава го оргазнизира третиот по ред протест, откако претходните два не вродија со плод, а нивните барања не беа исполнети.

Меѓу главните барања на матичните лекари е покачувањето на капитациониот бод од 60 на 90 денари по пациент, според кој Фондот за здравство им исплаќа плата на матичните општи лекари, затоа што како што велат, „сè е поскапено, а здравството не е бесплатно“.

Воедно, додаваат оти 30 години добиваат исплата за нивниот труд со задоцнување од неколку месеци.

„30 години добиваме исплата на нашиот труд со каснење од по неколку месеци. Владите се менуваат но никако да не стават во план на нивниот буџет“,

пишува во писменото соопштение објавено на веб-страницата на Здружението на приватни лекари во земјава.
Меѓу другото, едно од клучните барања на Здружението на матични лекари е воведување законски измени со кои пациентите не би се воделе на име на лекар, туку на име на здравствената установа, за да не се случи да останат без матичен лекар по неговото пензионирање.

На тој начин, како што посочува претседателката на ЗПЛРМ, Лидија Чолакова-Дервишова, ќе се задржат младите лекари, бидејќи со секое заминување на лекар, амбулантата одново ги почнува административните постапки.

Едно од барањата на матичните лекари е и воведување измени во законот за здравствена заштита со што на хронично болните пациенти би им се олеснил пристапот до лекови.

Back to top button
Close