Матичните лекари утре повторно на протест

Матичните лекари и докторите специјалисти од секундарното здравство од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) утре нема повторно да работат со пациенти со „Мој термин“ туку само со итни случаи. Ова доаѓа како нивен револт, оти на последната средба по протестот на 18 февруари со заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски, на која подоцна се вклучил и министерот за здравство Беким Сали, беше договорено за една до две седмици, да се формираат работни групи, а ништо не се реализирало, пребесе Слободен печат.

„Требаше да се оформат работни групи, кои ќе работат по проблематиката која нè допира. Рокот кои сами си го дадоа од Министерството помина и Управниот одбор на ЗПЛМ одлучи да се продолжи со протест. Очекувавме неколку точки да се придвижат, режим на лекови, покачување на вредноста на капитација. Точките за работа ги определивме, која е за со Министерството за здравство, која е со Фондот за здравство“, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на ЗПЛМ.

 

 

Back to top button
Close