MaxBet донира 20.000 евра за помош на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани

Сочувствувајќи со семејствата на жртвите и сите граѓани на Северна Македонија погодени од трагичниот пожар што се случи, компанијата MaxBet изразува длабоко жалење за оваа несреќа и изразува искрено сочувство до сите кои ги загубија своите најблиски. Во духот на солидарноста и поддршката, MaxBet донира 20.000 евра на банкарска сметка отворена од Црвениот крст на Србија, наменета за помош на семејствата кои претрпеа непоправлива загуба, јави МИА.

„Како дел од заедницата, веруваме дека е важно да покажеме блискост и солидарност во моменти на голема тага и предизвик. Оваа донација е израз на нашата искрена желба да ги поддржиме семејствата кои минуваат низ исклучително тежок период и да придонесеме, барем симболично, во напорите да им се обезбеди помош што им е најпотребна сега. „Веруваме дека токму во вакви моменти е најважна моќта на заедништвото“, рече Саво Бакмаз, извршен директор на MaxBet, пренсоа белградски медиуми.

Со таа донација MaxBet сака да поттикне други компании, организации и поединци да се приклучат на хуманитарната акција и според нивните можности да им пружат помош на погодените од оваа трагедија.

Back to top button
Close