Маж (72) од Чегране во подрум од зграда во Гостивар допирал 12-годишно девојче
Маж од Гостивар пријавил во полиција дека 72-годишен старец ја допирал неговата 12-годишна ќерка.
Според информациите на МВР, вчера во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(72) од с. Чегране, гостиварско, постапувајќи по пријава од 34-годишен маж од Гостивар дека А.Д. во подрумска просторија на зграда во Гостивар извршил обљуба врз 12-годишната ќерка на пријавителот, односно ја допирал по телото и и ветил дека ќе и даде пари за да не му каже на таткото.
А.Д. е задржан во полициска станица, известен се јавен обвинител и Центарот за социјални работи Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок