Маж ја прекршил забраната за приближување на жена од Виница – доби кривична пријава
СВР Штип поднесе кривична пријава против О.С.(42) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука”.
На 09.04.2025 во Виница, иако имал привремена забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до жена од Виница, тој со возило бил паркиран пред нејзината куќа, а откако го пријавила во ОВР Виница, избегал од местото.