Маж ја запалил влезната врата, додека во куќата биле снаа му и три малолетни деца

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против М.В. од с.Јосифово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 27.04.2022, пријавениот со употреба на запалива течност предизвикал пожар на влезната врата од семејната куќа, во која во моментот била неговата снаа со нејзините три малолетни деца.

Пожарот го изгаснала сопругата на пријавениот.

Back to top button
Close