Маж го нападнал Центарот за регистрација на мигранти во Довер и се самоубил

Маж фрли денеска молотови коктели врз Центарот за регистрација на мигранти во јужното англиско пристаниште Довер, а потоа се самоуби.

Напаѓачот излегол од автомобилот и фрлил три молотови коктели, од кои едниот не експлодирал.

Потоа се упатил до блиската бензинска пумпа каде се обесил. Полицијата пристигнала неколку минути подоцна и ја опколила областа. Локалната полиција и британското Министерство за внатрешни работи не се веднаш достапни за коментар.

Back to top button
Close