Маж искасан од глутница кучиња попладнево во Ново Лисиче

Возрасен маж попладнево бил искасан од глутница кучиња во скопската населба Ново Лисиче, во близина на трговскиот центар „Лиса“.
По инцидентот, интервенирала Итната медицинска помош, по што повредениот бил пренесен на лекување на скопските клиники.
Фотографија од настанот беше споделена во фејсбук групата „Општина Аеродром – Граѓанска патрола“, каде што граѓаните изразуваат загриженост и револт поради присуството на глутници кучиња во населбата.
Во дел од реакциите се бара итна интервенција од надлежните институции, при што граѓаните посочуваат дека проблемот со бездомните кучиња бара системско решение и поголема одговорност од институциите.






