Маж избоде со нож тројца полицајци во Будимпешта, еден им подлегна на повредите

Маж избоде тројца полицајци синоќа во главниот град на Унгарија, од кои едниот им подлегнал на нанесните повреди, соопшти денеска полицијата во Будимпешта.

Инцидентот се случил кога тројцата полицајци интервенирале на дојавен повик за обид за упад во стан, а биле нападнати при обидот да го приведат разбојникот.

Во моментот на приведувањето, тој ги нападнал со нож полицајците, ги избодел и истрчал на улица, каде бил застрелан од четвртиот полицаец во ногата.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави за локално радио дека Владата ќе обезбеди помош за семејството на убиениот полицаец.

Back to top button
Close