Маж од гостиварско измамил жена за 3000 евра!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.М.(48) од с.Горна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во текот на 2025 година, пријавениот измамил едно женско лице, ветувајќи дека ќе и посредува за добивање на виза за странска држава, при што во неколку наврати таа му дала вкупно 3.000 евра.






