Маж од Неготино и ја запалил вратата од станот на поранешната сопруга во Аеродром

Ноќеска во 2.20 часот полицајци привеле четириесет и едногодишен маж од Неготино откако ја запалил вратата од станот кајшто живеела неговата поранешна сопруга во скопски Аерoдром.

-Денеска (10.03.2024) во 02.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(41) од Неготино, поради постоење основи на сомнение дека околу 01.45 часот опожарил врата од стан каде престојувала неговата 35- годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка, а претходно му упатувал закани на нејзиниот партнер, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок

Back to top button
Close