Маж од Пехчево во 61 наврат извршил трансакции со туѓи платежни картички


Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против 59-годишниот З.К. од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, извести МВР.

„Во текот на 2021 и 2022 година, пријавениот во 61 наврат преку компјутерски систем извршил различни трансакции со платежни картички на друго лице“, соопшти МВР.

Back to top button
Close