Маж од Прилепско приведен поради подметнување пожари

Лицето било затекнато од полициски службеници при гаснење на пожарот и го призналo делото

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници го лишиле од слобода педесет и четири годишниот Г.К од село Штавица, Прилепско поради постоење на сомнение дека предизвикал пожар.

„Околу 09 часот тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото“велат од МВР.

Лицето било приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.

Минатата недела беа приведени и лица од Свети Николе и од Радовишко поради подметнување на пожари.

Приведен е маж од Свети Николе поради предизвикување пожар.

Back to top button
Close