Маж од Слупчане бегал од полицијата и се превртел со возилото во кое превезувал 11 мигранти

Од МВР информираат дрка ноќеска бил уапсен криумчар на мигранти, кој нр застанал на наредбата на полицијата, по што се превртел со возилото.

-Од слобода е лишен Ј.З. (27) од Слупчане, општина Липково, поради тоа што со возило „опел“ превезувал 11 мигранти (3 од Индија, 5 од Пакистан и 3 од Авганистан).

На 12.03.2023 околу 00,25 часот на автопат А1 Неготино-Велес тој не застанал на даден знак од страна на полициски службеници од Полициска станица Михајлово, по што во близина на Велес изгубил контрола над возилото, кое се превртело.

Возачот Ј.З. и три лица мигранти со телесни повреди се пренесени во Општата болница Велес за пружање на лекарска помош, а потоа Ј.З. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка, додека мигрантите се сместени во Привремениот транзитен центар Винојуг.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Back to top button
Close