Маж од Турција починал на клиника, бил донесен со тешки повреди

Четириесет и двегодишен државјанин на Турција починал на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде вчера бил донесен со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, скопјанец пријавил дека додека се возел со автомобилот го забележал повредениот заедно со уште едно лице. Ги качил во возилото и двајцата, и ги одвел во клиничкиот центар. Потоа, едниот од нив незабележано заминал, додека турскиот државјанин бил задржан од страна на медицинските лица, по што починал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Back to top button
Close