Маж од Велика Британија пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар
Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.
Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот